Обезбедени 20 милиони евра за кредитирање на локални бизниси погодени од коронакризата

100

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди 20 милиони евра заем на Шпаркасе банка Македонија за кредити за локални приватни бизниси и корпорации засегнати од економската криза поради пандемијата од коронавирусот.

“Новото финансирање е витално за да ја ублажи сегашната ситуација и преку Шпаркасе банка Македонија ЕБОР ќе може да помогне на компаниите на кои им е потребна поддршка“, се вели во соопштението на Европската банка.

Шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава Анди Аранитаси, истакна дека е горд за потпишувањето на договорот со Шпаркасе банка, пренесува МИА.

“Обврска на банката е да му служи на приватниот сектор. Обезбедувајќи финансиска помош и ликвидност на бизнисите во овие тешки времиња е од суштинско значење за поддршка на целата економија во земјата“, вели Аранитаси.

Фото: Pixabay