Објавени новите цени на горивата

31

Регулаторната комисија на енергетика ги соопшти новите цена на горивата што ќе важат оваа недела.

Според одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, не се променува, односно
останува на исто ниво 67,00 ден/лит.

Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит. со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР изнесува 69,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ ќе е продава по 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,234 ден/кг и ќе изнесува 33,237 ден/кг.