Облачен и магловит ден

21

Во утринските часови во Македонија ќе има појава на магла, која ќе се задржи во поголем дел од денот. Се очекува претежно облачен и магловит ден. Температурите во текот на ноќта ќе се движат од минус 1 до седум степени.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури се движат од минус 2 до шест степени, додека дневните температури ќе достигнат до три, односно до 11 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, која ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе има слаб ветер. Утринската температура е од 3, а дневната температура ќе достигне до седум степени.