Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

18

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално врнежите можат да бидат и поизразени со интензивен пороен дожд, засилен ветер и силни електрични празнења. Температурата ќе се движи од 19 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне. Дневната температура ќе се искачи до 24 степени.