Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и со повремен локален дожд. Доцна попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од четири до 14 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 10 степени.