Облачно со локален дожд, на планините снег

17

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, а во ридско – планинските предели и на планините со врнежи од снег и ветровито.

Во источните и југоисточните региони времето ќе биде умерено облачно.

Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на местата со повеќе од 500 метри надморска височина во северозападните, западните и југозападните предели. Според метеоролозите, станува збор за слаби врнежи.

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 километри на час. Минималните температури се движат од нула до осум степени, а максималните ќе достигнат од четири до 12 степени.