Облачно со повремен дожд во западните делови

24

Времето во Македонија утрово ќе биде ведро, тивко и студено со температури на места под нулата, при што ќе има појава на приземен мраз.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб ветер од југоисточен правец. Во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.
Дневните температури ќе се движат од 12 до 20 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 17 степени.