Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од четири до 14 степени.
Во Скопје и околината облачно со температура до 12 степени.