Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе се движат од 12 до 21 степен.
Во Скопје и околината слично време со температура до 19 степени.