Oблачно со повремени врнежи од дожд

10

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Дневните температури ќе се движат од еден до 10 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до седум степени.