Облачно со услови за дожд

14

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со услови за краткотрајни врнежи од дожд и снег. На планините се очекува снег, а во источните делови ќе дува засилен северен ветар. Минималната температура ќе се движи од минус три до два, а максималната температура ќе биде изнесува од три до девет степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд, а повремено и краткотраен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.