Облачно со услови за слаб локален дожд

18

Во утринските часови во Македонија има појава на слаба магла, во претпладневните часови ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а попладне ќе биде претежно облачно. Преку ден ќе дува слаб ветер со променлив правец, а во вечерните часови ќе има појава на магла. Утринските температури се движат од еден до пет степни, а максималните дневни температури ќе се движат од шест до 11 степени.

Во Скопје во утринските часови има појава на слаба магла, која ќе падне и кон крајот на денот. Во утринските и претпладневните часови со услови за слаби локални врнежи од дожд, а попладне ќе биде претежно облачно со слаб северозападен ветер. Утринската е од три, а дневната температура ќе достигне до седум степени.