Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (локално над 20л/м2). Снег ќе има само на некои повисоки планини. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен источен ветер. Дневните температури ќе се движат од три до 11 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до осум степени.