Облачно, ветровито, попладне локален дожд

14

Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво, но и умерено до значително облачно. Ќе дува умерен на моменти и засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните и југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од девет до 14 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

До недела следува променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен јужен ветер што ќе придонесе за значителен пораст на дневната температура која во недела ќе се движи од 14 до 19 степени.