Оброци подготвени од деца во Јавна соба

39

culinary-workshop-0196

Недела е ден за целото семејство да се собере на едно место, но и  ден во кој сите генерации треба да уживаат на свој начин. Некои се “гладни” за учење и практична настава, други сакаат да се дружат со пријатели. Создавањето на програмата Social Sunday на Јавна соба е пресликано во неделно дружење за сите генерации исполнето со креативни и интерактивни катчиња за сите возрасти на деца, стои во соопштението.

Едукативната програма за деца се состои од четири работилници: направи своја тестенина, дизајн размислување и моделирање со глина. Најмладите на возраст од две до пет години уживаат во дрвените играчки во ќошето наречено Мелиса и Даг.

Готвачите од Јавна соба ги учат децата како од базични намирници (брашно, јајца, маслиново масло, свеж босилек и сл.) да подготват тестенини по нивен вкус, каде во случајов готвачите се ментори кои вешто ги водат децата во процесот на месење на тестото, сечење на резанки со мануелна машинка, варење на тестенините al dente и комбинирање со зеленчуци за да се добие еден одличен оброк којшто со сласт и гордост се консумира. За оние деца кои не се љубители на зеленчукот ова е вистинска терапија, бидејќи изборот децата го прават од свежи и здрави намирници: лук, кромид, брокула, карфиол, домат и сл. Дополнителна мотивацијата за младите готвачи е дека најдобриот рецепт ќе се најде на менито во ресторанот во Јавна соба.

Готвење во тек: https://www.youtube.com/watch?v=pIwC7vld4I8.

Нема ништо подобро за родителите кои знаат дека нивното дете креативно се надградува и се забавува со врсници, стекнува ниви другарчиња, а родителите безгрижно се социјализираат, работат на својот компјутер или ручаат со пријателите.

Јавна соба продолжува со развој на програмата за неформално образование од најрана возраст и стекнување  на здрави навики за урбано живеење.

Пријавувањето за работилниците се врши веб страната на Јавна соба: http://publicroom.org/workshops/social_sunday.html.