Обуките на Светска банка значително го зголемија бројот на клиенти во малите и средни претпријатија во Западен Балкан

Иновативните профитабилни мали и средни претпријатија од Западен Балкан, на кои им беше овозможено мастер образование, менторство и обука за градење односи со клиенти и користење на алатки за дигитален маркетинг, значително го зголемија бројот на нивните клиенти во споредба со малите и средните претпријатија кои посетуваа само општа обука за исти теми, покажа студијата на Светска банка презентирана денеска во Виена.

Истражувањето е финансирано од Европската унија, соопшти Светска банка.

Во студијата, насловена како „Градење на капацитетите како начин за проширување на извозните пазари“, беше утврдено дека 30 часа групна виртуелна обука и пет индивидуални виртуелни менторски сесии доведоа до значително зголемување на бројот на клиенти во споредба со слични мали и средни големи претпријатија каде образованието вклучуваше четири часови за обука поделени на три вебинари во кои овие теми се покриени само површно.