Ocean’s Heaven – футуристички еколошки град на Малдивите

39

Ocean’s Heaven е името на футуристичкиот еколошки град наменет за едно од најубавите места во светот, Малдивите, пишува ArchDaily. Целта на овој проект, којшто е дизајниран од страна на CAA Architects, е да создаде нов модел на одржлив град, пред оваа островска држава да исчезне во целост поради глобалното затоплување.

Комплексот ќе вклучува аеродром и сервисен центар, центар за конференции, систем за транспорт, трговски центар, хотел за бизнис намени, ресторани, плоштад за културни активности и друго.

Ocean’s Heaven е нарачан од страна на Beijing Urban Construction Group Co. во партнерство со владата на Малдиви. Еко градот во целост ќе ги користи дождовницата и сончевата енергија, како и моќта на плимата за да генерира повеќе од 70% од потребната електрична енергија.

Фото: CAA Architects