Oceanix City – футуристички град на вода

64

Архитектонското студио BIG претстави концепт на пловен град што може да смести до 10.000 жители, пишува Dezeen.

Oceanix City, ќе се состои од мини вештачки острови, што ќе формираат архипелаг во шестаголна форма. Компанијата Oceanix, којашто креира иновативни начини за градење на вода, стои зад идејата на целиот проект.

Пловниот град е замислен како решение во тропски и субтропски места каде постои опасност од поплава, односно зголемување на нивото на водата. Секој модул ќе се изгради на копно, а потоа ќе се пренесе во вода и “закотви“.

Според нарачателите на проектот, минијатурните острови ќе бидат “имуни“ и на урагани од петта категорија, ќе имаат сопствен систем на производство на храна со нула отпад.

Фото: BIG