Оценка на градежниците за економската состојба

13

Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во првото тримесечје од 2014 година како понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од 2013 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е подобра во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година.

Во првото тримесечје од оваа година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е на исто ниво како претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: немање на побарувачка со 20,2%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 14,4%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 14,1% и зголемените трошоци за материјали со 12,3%.