Од 1 јули се укинува стариот систем на е-Даноци

20

58498fa5dc81caad2680e4c47d8b4195_XLОстануваат уште 15 дена до истекот на рокот за 5.481 фирми да се регистрираат и 12.059 да мигрираат на новиот систем на е-Даноци.

Според податоците на Управата за јавни приходи, 5.481 тримесечни ДДВ обврзници се уште не се регистрирале на системот е-Даноци.

Фирмите имаат уште само 15 дена да ги преземат неопходните чекори, за да можат од 1 јули 2013 година непречено да пријавуваат данок преку интернет сервисот на УЈП.

Со стапувањето на сила на задолжително електронско пријавување на ДДВ и данок на добивка за ДДВ обврзниците, на шалтерите во УЈП повеќе нема да се примаат ДДВ-пријави и Даночни биланси за данок на добивка во хартиена форма.

Од УЈП апелираат дека доколку фирмите не се прилагодат на новините во даночното работење, истите нема да можат навреме да ја поднесат ДДВ-пријавата, за што е предвидена глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.

Дури 12.059 правни лица и самостојни вршители на дејност кои моментално се корисници на стариот систем на е-Даноци, задолжително ќе треба да мигрираат на новиот систем на електронски услуги на УЈП, во спротивно од 1 јули 2013 година нема да можат да ги користат е-даночните услуги.

Постапката за миграција е едноставна и се врши електронски преку веб страницата.

По истекот на рокот, стариот систем на е-Даноци ќе биде ставен надвор од функција, а електронските услуги на УЈП ќе бидат достапни само преку новиот и надграден систем на е-Даноци.