Од Америка до Европа за час и половина?

НАСА сака да им помогне на патниците да стигнат од Њујорк до Лондон за помалку време отколку што вообичаено е потребно за гледање просечен филм за време на летот.

Американската вселенска агенција објави дека развива „нов суперсоничен проект за воздушен транспорт на патници“.

Доколку овие прелиминарни студии се покажат ветувачки, авионот ќе лета преку Атлантикот со големи брзини меѓу 2 и 4 махa, или приближно 2.450 до 4.900 километри на час – три пати побрзо од воениот борбен авион F/A-18, кој лета на 1,8 махa, пренесува Јутарњи.хр.

Според НАСА, во моментов е во тек следната фаза од истражувањето на брзиот воздушен транспорт, со два 12-месечни договори доделени на Боинг, Ролс-Ројс и други за да помогнат во концептуализирањето на новиот авион и производство на „технолошка мапа“.