Од декември договорите за јавни набавки стануваат достапни на јавноста

15

kancelariski-materijal-pixabay

Фото: Pixabay

Договорите за јавни набавки од следниот месец ќе ѝ бидат достапни на јавноста. Договорниот орган ќе има обврска договорот да го објави на својата веб страница, а потоа ќе може да го реализира, вели директорот на Бирото за јавни набавки, Ѓорѓи Ѓоргиевски, јавува Миа.

Од први декември, секој договор за јавна набавка случен од било која државна или јавна институција под надлежност на Владата, а со препораки и до општините и другите јавни институции, ќе може да се реализира откако прво ќе биде објавен на интернет страницата на секоја институција.