Од денеска може да се донира и во маркетите Кам

26

kam marketi

Жителите на Скопје, кои пазаруваат во Кам маркетите, од денеска ќе можат да купат производи за настраданите и да ги донираат во пункт што се наоѓа во самиот маркет.

Секојдневно, како што се наведува, овие донации ќе пристигнуваат до загрозените подрачја.

Пунктовите се поставени на иницијатива на волонтерите од групата на Facebook за помош на настраданите во поплавите во Скопскиот регион.