Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и повремено засилен југозападен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува, како и брзината на ветерот.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје слично време, слаб дожд е можен во раните претпладневни часови, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Преодно разведрување со повисоки дневни температури ќе има во среда, а во четврток се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, локално над 10 литри на метар квадратен.
Постудено време со засилен северен ветер ќе има во петок.