Извозот на хартија за весници минатата година беше на ниво од 4,5 милијарди долари или 18% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Над 31% од вкупниот извоз на ваков вид на хартија отпаѓа на Канада, којашто заработи 1,4 милијарди долари.
Од 15 најголеми извозници на хартија за весници, меѓу првите пет се најдоа и: Русија (554 милиони долари), Шведска (406 милиони долари), Франција (332,6 милиони долари) и Германија (258,9 милиони долари).
Од земјите во регионот, се најде само Словенија, којашто со извоз на хартија за весници од 79,1 милиони долари, е 14-та во светски рамки.
Фото: Freepik











