Од извоз на кафе лани заработивме два милиони долари

27

Од извоз на кафе земјава минатата година заработи 2.042.000 долари или 1% помалку во споредба со 2018 година.

На глобално ниво, извозот на кафе во 2019-та година имаше вредност од 30,1 милијарда долари, што е 1,9% помалку во однос на 2018-та година. Бразил е извозник број еден со над 15% или инкасирани 4,6 милијарди долари од извоз на кафе.

Меѓу петте најголеми извозници на кафе во светот, според податоците на World’s top exports, се и: Колумбија (2,6 милијарди долари), Швајцарија (2,5 милијарди долари), Виетнам (2,4 милијарди долари) и Германија (2,3 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најмногу извезува Словенија (67,3 милиони долари). Потоа следуваат: Грција (20,6 милиони долари), Хрватска (16,5 милиони долари), Србија (7,7 милиони долари) и Босна и Херцеговина (5,7 милиони долари).

Фото: Freepik