Од извоз на крузери овие земји инкасираат милијарди

93

Вкупниот извоз на крузери во светот минатата година имаше вредност од 11,6 милијарди долари, што е 13,1% повеќе во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Германија е извозник број еден со 2,5 милијарди долари или 21,8% удел во глобалниот извоз.

Меѓу земјите што од извоз на ваков вид патнички бродови заработуваат милијарди долари се и: Италија (1,83 милијарди долари), Франција (1,8 милијарди долари) и  Финска (1,7 милијарди долари).

Меѓу 15-те најголеми извозници на крузери во светот, три се од регионот: Хрватска (331,3 милиони долари), Турција (222,2 милиони долари) и Романија (221,8 милиони долари).

Фото: Freepik