Од извоз на серии Турција планира на реализира околу 350 милиони долари

34

turska serija

Од извоз на телевизиски серии Турција планира да реализира околу 350 милиони долари, пишува Хуријет.

Турција повеќекратно го зголеми извозот на сериите надвор од земјата, достигнувајќи 200.000 долари во последната деценија. Извозот на телевизиски серии во Турција во 2004 година беше само 10.000 долари, за оваа 2015 година е проектиран да достигне вредност од 350 милиони евра.

“Со зголемениот квалитет и брендирање на овој сектор, Турција во овој момент извезува телевизиски програми и серии во повеќе од 80 земји во светот – од Блискиот исток до источна Европа. Целта е до 2030 година, извозот од телевизиски серии да достигне една милијарда евра“, изјави Ибрахим Чалгар, од Стопанската комора на Истанбул во рамки на еден од најголемите саеми за телевизиски содржини MIPCOM.

Турските серии се очекува да допрат и до публиката во Јужна Америка, Индонезија, Малезија, Индија и Кина.