Од кризата ќе “испливаат“ оние кои успеаја во една работа

343

Бројни компании се соочија со потешкотии во работењето откако почна пандемијата. Некои успеаја да се прилагодат на новонастаната состојба, други ги “замрзнаа“ своите активности, а трети во очај бараат спас во нова стратегија.

Дигитализацијата се покажа како одлична алатка со којашто многу компании “испливаа“ од кризата и продолжија да функционираат во виртуелниот свет со своите клиенти.

Поради потребата од држење физичка дистанца, страв од влегување во затворен простор поради можна зараза, трговците ги разработија онлајн каналите за да ги претстават своите производи и услуги до крајните корисници и да им овозможат онлајн порачка и плаќање.

Дури и оние кои пред пандемијата немале таква навика, во последните месеци, сакајќи да си го заштитат сопственото здравје, “посегнале“ по онлајн порачка.

Доставата до домашна адреса “блесна“ во полн сјај овие месеци, па веќе не се доставува само храна, туку и производи од аптека, бутици, намирници, облека, алат и сè она што може да се порача преку интернет.

Фото: Freepik