Од први август поевтинува парното греење

34

Од први август поевтинува парното греење, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Корисниците на услугите од БЕГ ќе плаќаат сметки за парно поевтини за 10,93%, на Скопје Север за 4%, на ЕЛЕМ Енергетика за 11,59%, додека оние кои плаќаат по метар квадратен за 9,15%,

Исклучените корисници на парно ќе имаат пониски сметки за 2,67%.

Според пресметките на регулаторот, сметките за парно за еден стан од 50 метри квадратни ќе изнесуваат 20.815 денари.

Според пресметките, со сегашното намалување на цената, сметките за парно за стан од 50 метри квадратни ќе изнесуваат 20.815 денари на годишно ниво, наместо 23.638 денари.