Од разнесувач на млеко и камионџија до планетарно популарен актер

18

Светски познатиот актер Шон Конери е роден е како Томас Конери на 25-ти август 1930-та, а почина на 90-годишна возраст.

Тој на само 13 години го напуштил училиштето и почнал да работи. Во родниот Единбург, Конери уште како дете заработувал, разнесувајќи млеко, по што се вработил во морнарицата.

Откако таму добил отказ, Конери продолжи да работи како возач на камион, спасувач покрај базен, модел… Тој не се срамел да признае дека во еден период од животот работел во погребална команија, но благодарение на неговото хоби – бодибилдинг успеал да направи кариера што го му донесе слава од светски ранг.

“Растев без да имам поим за својата кариера, а уште помалку мислев дека тоа ќе биде глума“, рекол Конери во една прилика.

Конери стана препозналив по култната улога на Џејмс Бонд, а бил таен агент во дури седум продолженија на филмот.

Фото: Facebook