Извозот на топло чоколадо во светски рамки минатата година достигна вредност од 2,3 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.
Меѓу 15-те земји коишто се најголеми извозници на овој напиток во светот, лидер е Холандија со заработка од 707,9 милиони долари или 25,7% удел во вкупниот извоз.
Првите пет извозници во светот беа и: Германија (310 милиони долари), Малезија (308,9 милиони долари), Шпанија (162,5 милиони долари) и Индонезија (156,4 милиони долари).
Анализирани по континент, 56,9% од извозот на топло чоколадо отпаѓа на добавувачи од Европа, додека 26,6% е извоз од азискиот континент.
Фото: Pexels











