Од утре поевтинуваат дел од услугите на Катастарот

8

katastar-580x266

Од утре се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар на недвижности што значи дека граѓаните кои од страна на Катастарот се одбиени по кој било основ, при повторното поднесување на пријавата нема да плаќаат надомест, јавува Миа.

Директорот на Катастарот, Борис Тунџев, по минатонеделната средба со министерот за транспорт и врски изјави дека работат на адаптирање на електронскиот шалтер којшто треба да ја овозможи реализацијата на оваа мерка.

“Ова значи дека во случај кога од Агенцијата за катастар на недвижности е одбиен предметот по кој бил основ, при повторното поднесување на истата таа пријава за тој предмет граѓаните нема да плаќаат никаков надомест“, изјави Тунџев.

Од страна на Катастарот најавено е и намалување во сегментот на користење на податоците од Агенцијата на катастар, како и на надоместокот којшто граѓаните го плаќаат при запишување на одредени права.