Од утре започнува грејната сезона во Скопје

25

radijator-pixabay

Фото: Pixabay

На граѓаните на Скопје, кои се приклучени на системот за централно греење, од утре ќе им се испорачува топлинска енергија во нивните домови, потврдуваат од БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика, јави Миа.

Прецизираат дека Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) даде одобрение за старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15-ти октомври поради најавениот пад на температурите за утре.

Законската регулатива предвидува доколку, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15-ти октомври, но не и пред први октомври, и тоа по претходно одобрение од РКЕ.