Од вторник стартува бродската линија Охрид – Поградец

23

На пристаништето во Охрид, во вторник, 17 јуни, ќе биде воспоставена првата бродска линија меѓу Охрид и Поградец во Албанија.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека станува збор за чартер линија која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз на туристи од Охрид кон Поградец и обратно.