Одбележување на Светскиот ден на штедењето

4

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денеска го одбележува Светскиот ден на штедењето – 31-ви октомври.

По тој повод, најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците ќе добијат признанија за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работењето со населението за 2014 година.