Одделот за кетеринг на Lufthansa продаден на швајцарска Gategroup

24

Германскиот авиопревозник, Lufthansa го продаде одделот за кетеринг на швајцарската групација Gategroup.

Овој оддел на Lufthansa, под името LSG, вработува 35.000 лица, а минатата година оствари приходи од 3,2 милијарди евра.

Според Associated Press, оваа продажба не се очекува да влијае врз профитот оваа и следната година.

Lufthansa, исто така, започнува партнерство со GateGroup, што ќе обезбеди кетеринг услуги на аеродромите во Франкфурт, Минхен и Цирих. Германскиот авиопревозник ќе го задржи малцинскиот удел во новата заедничка инвестиција.

Продажбата на остатокот од LSG би требало да започне на почетокот на следната година.

Фото: Pixabay