Одложено отворањето на Градскиот Аква парк

21

Отворањето на Градскиот Аква парк кој е во состав на СЦ Борис Трајковски нема да биде на 15 јули 2013 година. Истиот е предвидено да биде отворен во текот на оваа недела, но се уште го немаме прецизирано датумот, соопштуваат од СЦ Борис Трајковски.

Од таму додаваат дека во моментот се врши тестирање на опремата со која расолага Градскиот Аква парк, лоциран од северната страна на спортскиот центар, односно веднаш позади хотелот Александар Палас.