Одобрена вакцината на Pfizer во ЕУ

57

Европската агенција за лекови даде одобрение за првата вакцина против Ковид-19 во Европската унија, којашто ја произведоа американската компанија Pfizer и германска BioNTech, што значи дека Европа ќе почне со вакцинација во рок од една недела.

Земјите членки на ЕУ, вклучувајќи ги Германија, Австрија и Италија, планираат да почнат со вакцинација на 27-ми декември, додека Европа се обидува да ги достигне САД и Велика Британија, каде вакцинацијата почна на почетокот на овој месец.

Се очекува првите дози на земјите членки треба да пристигнат во сабота, а во недела да започне вакцинирањето во некои земји, а кај другите на 28-ми и 29-ти декември.

По вакцината на Pfizer и BioNTech, следна на ред ќе биде онаа на Moderna. Европската агенција за лекови најави дека за одобрението на вакцината на Moderna ќе се одлучува на шест јануари.

Фото: Facebook