Одржан првиот настан од Програмата за претприемачи на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија во Источен регион

21

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, на 31 март во Штип го одржа првиот настан од Програмата за претприемачи (Размена на искуства) во Источниот регион. Настанот беше на тема Претприемничко лидерство, а гости говорници на оваа сесија беа г-дин Васко Темелкоски, ко-сопственик/менаџер/консултант во компанијата Еуромак-Контрол и г-дин Филип Арсов, основач и управител на Синапс Групација.

Учесниците во проектот со гостите говорници разменуваа мислења на теми како дистинкција помеѓу лидер и менаџер, особини што треба да ги поседуваат и лидерот и менаџерот, клучни вредности што треба да ги поседува еден лидер, колку е важно за еден лидер да знае да ги мотивира своите вработени, дали лидерот треба постојано да учи и дали е тоа карактеристика на лидер…

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестиции.