Одржан првиот настан од Програмата за претприемачи на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија во Североисточен регион

21

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, на осми април во Куманово ја одржа првата средба на претприемачите од Североисточниот регион. Темата на оваа средба беше Претприемничко лидерство, а гости говорници беа Васко Темелковски, сопственик и менаџер на Еуромак Контрол и Анита Спасовска, генерален менаџер на Бучен Козјак и добитник на наградата за една од десетте најдобри жени претпримачи во Македонија за 2014 година. На настанот се дискутираше за предизвиците со кои секој претприемач и менаџер се соочува на работното место. Беа дадени алатки и споделени искуства за надминување на проблемите и водење на компанијата во развој.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестици. Проектот е имплементиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи ЦЕЕД Македонија.