Одржан првиот Отворен ден на Македонска берза

17

???????????????????????????????

По повод 20-годишнината од првиот ден на тргување, Македонска берза организира серија отворени денови.

Во просториите на Берзата вчера се одржа првиот Отворен ден, на кој што заинтересирани лица се запознаа со улогата и начинот на којшто функционира Берзата, нејзината институционална поставеност, како и со улогата и значењето на останатите институции на пазарот на хартии од вредност.

Посетителите имаа можност да се запознаат со историјата на Берзата, како и со тековното работење. На Отворениот ден имаа можност да го проследат и тргувањето во живо и беа сведоци на склучување на берзанските трансакции.