Асоцијацијата за е-трговија на Македонија го одржа првото собрание каде што беа присутни претставницте на членките и почесни членови кои се дел од Асоцијацијата. Во моментов Асоцијацијата ја сочинуваат 24 правни лица, едно физичко лице и 2 почесни членови.
На првото собрание членките имаа прилика да се запознаат меѓусебно и да разменат искуства, мислења и ставови. Претседателот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска, на Собранието ја претстави мисијата и визијата на асоцијацијата, ги презентираше изминатите и тековните активности како и планот и програмата за работа на АЕТМ во 2018 година.
Беше најавена и организацијата на првата прес-конференцијата која ќе се одржи следната недела (29.03.2018), а на која свои обраќања покрај претседателот на АЕТМ ќе имаат и почесните говорници Министерот за информатичко општетство и администрација г-дин Дамајн Манчевски, Гувернерот на НБРМ г-дин Димитар Богов и регионалната директорка на Mastercard г-ѓа Вања Манова.
На прес конференцијата ќе бидат споделени факти и податоци кои се дел од сеопфатната анализа за состојбата со е-трговијата на која моментално работи Асоцијацијата. Ќе биде презентирана подготвеноста на Македонија за раст на е-трговијата, развојот од 2010 до 2017 година, споредби со ЕУ како и информации за Македонскиот онлајн купувач.
Сите заинтересирани компании може да се информираат повеќе на веб страната на АЕТМ и да ги следат на нивната Facebook фан страна.