Официјални скици од новата Škoda Octavia

103

Промоцијата на новата Škoda Octavia е закажана за 11 ноември и ќе се одржи во Прага, каде ќе се одбележи и 60-годишнината од првата Octavia. Од компанијата ги објавија и првите слики на моделот.

За потсетување, новата Octavia ќе ја користи MQB платформата на Volkswagen, со најава дека ќе има најпространа внатрешност во својата класа.

За внатрешноста се предвидени квалитетни материјали, богата опрема, 12,3 инчен екран… Во понуда ќе се најдат Liftback и Combi верзијата. Од опсегот на мотори се очекуваат 1 литарски трицилиндричен бензински мотор, 1,5 литарски бензински мотор, 2 бензински мотор, неколку дизел мотори како и plug-in хибридна верзија.

Бензинските мотори ќе бидат достапни со 48 волтен mild-hybrid систем. А на врвот на понудата ќе биде Škoda Octavia RS со 265 коњски сили.

Преземено од Avtoplus.mk