Oхрид домаќин на Балканскиот конгрес за рударство

32

Од утре до 21 септември Охрид ќе биде домаќин на петиот Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството Балканмине 2013.

На конгресот ќе присуствуваат над 300 учесници, експерти од 14 земји. Ќе бидат презентирани повеќе од 130 научни трудови, со осврт на перспективите на рударството и примената на најновите технологии  во оваа стопанска дејност која е клучен двигател на економијата во земјите од Балканот.

За време на конгресот ќе биде организиран и мал саем на компании од областа на рударството  присутни на пазарот во Република Македонија и во поширокиот регион.

Стручно-научниот конгрес Балканмине се одржува секои две години, а првпат беше организиран во Варна, Република Бугарија.

Главен покровител на Балканмине 2013 е АД Електрани на Македонија, а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери (ЗГРИМ) и Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот Гоце Делчев.