Охридска банка оствари добивка од над 259 милиони денари

21

Ohridska-banka

Охридска банка прикажа добивка во висина од 259.484.000 денари во првото полугодие од оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Во првото полугодие од минатата година, банката оствари добивка од 123.096.000 денари.

Нето приходите од камата во првите шест месеци од оваа година достигнаа вредност од 464.725.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 422.926.000 денари.

“Нето приходите од камати на крајот од јуни 2015 година изнесуваат 464,7 милиони денари и бележат пораст за 9,9% споредено со остварените нето приходи од камати минатата година со 98% реализација на планот за првото полугодие од тековната година. Приходите од камати се намалени за 2,7% како нето резултат од намалените приходи од вложувања во благајнички и државни записи и намалените приходи од камати од кредити на правни лица, додека во исто време се бележи пораст на приходите по камати кај пласманите на физички лица и пласманите во банки. Истовремено каматните трошоци бележат намалување за 19,1% како нето резултат од намалените каматни трошоци на депозитите на клиентите, додека во исто време трошоците по основ камати за финансирање од меѓународните финансиски институции поради зголемување на состојбата се зголемени“, се вели во Коментарот за остварените финансиски резултати на банката.