Охридска банка отвори експозитура на нова локација во Аеродром

192

Fotografija Ekspozitura OBSG

Охридска банка Сосиете Женерал отвори експозитура на нова локација во населбата Аеродром во Скопје со која за своите клиенти и вработени овозможува уште поголема достапност и пријатен и комфорен простор, стои во соопштението.

Експозитурата на Охридска банка Сосиете Женерал, сега сместена на нова, поатрактивна локација на булеварот Јане Сандански бр. 113-А/30, претставува неконвенционален, урбан и модерен простор на површина од 170 метри квадратни за опслужување на население и правни лица, со вклопен нов концепт на просторот за чекање, збогатен со содржини за најмалите посетители.

Во оваа експозитура клиентите ќе можат да се информираат за актуелните промоции и активности на Банката на неколкуте поставени ЛЦД екрани, а дополнително и додека го чекаат својот ред, во таканаречената “дигитална зона“ преку таблет ќе можат да пристапат на веб калкулаторот на Банката и самите да направат калкулација за саканиот производ од понудата на Охридска банка Сосиете Женерал, но и да се информираат за целокупното портфолио на производите и услугите на Банката.

Fotografija Ekspozitura OBSG 1

“Идејата за креирањето на еден уникатен, урбан и модерен простор за деловност, организиран со нота на домашен амбиент, произлезе од нашите импресии и начинот на кој ние, вработените во Охридска банка Сосиете Женерал, ја доживуваме оваа урбана скопска населба. Со намера што повеќе да се доближиме до стилот на живот и до потребите на граѓаните од овој дел на Скопје, создадовме простор кој во голема мера го отсликува тој животен стил. Поставеноста на просторот на оваа експозитура е дизајнирана со цел нашите клиенти да ја доживеат Охридска банка Сосиете Женерал како банка со многубројни можности за нив. Една од тие можности е посветена услуга во пријатна атмосфера за секого ‒ за деловните луѓе, пензионерите, граѓаните и, секако, за најмалите посетители, за кои создадовме простор опремен со играчки, книги и сликовници за деца“, изјави Бранка Павловиќ, претседател на управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

“Со години работа Охридска банка Сосиете Женерал успева постојано да ги развива своите бизнис иницијативи и активности во исклучително конкурентни пазарни услови, истовремено силно градејќи репутација помеѓу македонското население. Инвестициите во продажната мрежа и конкретно во оваа експозитура со модерен, пријатен и удобен амбиент ги рефлектираат квалитетот и посветеноста на Банката и нејзините капацитети  да одговори на потребите на своите клиенти, така придонесувајќи кон амбицијата да биде банка фокусирана на создавање блиска врска со клиентите на пазарот на кој опстојува. Како банка, ние сме исто така и институција која има улога на поддржувач на населението, претприемачите, напредните мислители и креатори во реализацијата на нивните потенцијали на долг рок, а тоа истовремено значи и придонес кон целокупната македонска економија. Ова за нас претставува обврска за иден развој на нашите креативни и иновативни капацитети со цел да ја задржиме нашата конкурентна позиција и реалната амбиција на Охридска банка Сосиете Женерал да продолжи позитивно да придонесува во развојот на Групацијата. Доказ за тоа дека Охридска банка Сосиете Женерал е на вистинскиот пат се и двете светски признанија од Global Finance и Euromoney, кои ни поставија цврсти показатели за нашата иднина во Македонија“, изјави Џовани Лука Сома, претседател на надзорниот одбор.

Fotografija Ekspozitura OBSG 2

Експозитурата во населбата Аеродром во Скопје беше свечено отворена на 28-ми јули 2016 година во присуство на бројни гости од бизнис заедницата во Македонија, партнери и клиенти на Банката, а на отворањето присуствуваше и висока делегација од Централата на Сосиете Женерал Париз, Франција: Џовани Лука Сома – Сосиете Женерал Париз, Франција, претседател на надзорниот одбор;  Алан Кону – Сосиете Женерал Париз, Франција, член на надзорниот одбор; Жан Филип Гијом – Сосиете Женерал Париз, Франција, регионален директор за Балканскиот регион и Марија Русева – Сосиете Женерал Србија,  член на надзорниот одбор.

Своето присуство во земјата високата делегација на Сосиете Женерал Париз, Франција, го искористи и за средби со претставници на релевантни институции во земјата.