Охридска банка со известување за релокација на експозитурата Аеродром 2

50

Охридска банка ги известува своите клиенти дека од 2 јули (понеделник) експозитурата на банката во Аеродром се сели на нова локација, односно во нов објект во истата зграда на постојната експозитура на булеварот Јане Сандански 12.
Постојната експозитура и банкоматот ќе бидат достапни за клиенти до 29.06.2018 (петок), до 13.00 часот, додека, пак, банкоматот на новата локација, ќе биде достапен од 02.07.2018 година (понеделник).