Охридска банка ги известува своите клиенти дека дека предходните денови е извршен упад на веб
страната на компанијата WizzAir, а со цел собирање на податоци од платежните картички и нивна понатамошна злоупотреба.
Како што стои во соопштението од банката, злоупотребата е извршена со креирање на лажна веб страница на која на клиентите им се нудат билети за еден долар.
Лажната веб страна е http://wizzair.com-fly.net/.
Охридска банка Сосиете Женерал континуирано ја следи состојбата и превзема превентивни акции, се вели во соопштението и воедно се повикуваат сите клиенти на внимателност при користење непознати интернет страници, како и доколку се сомневаат дека веќе ги споделиле своите податоци со лажна интернет продавница да се јават контакт центарот на банката со цел блокирање на картичката и спречување на понатамошна злоупотреба.