Почетна Новости Окланд е прогласен за најдобар град за живеење

Окланд е прогласен за најдобар град за живеење

96

Влијателното британско списание Economist го прогласи Окланд вo Нов Зеланд за најдобар град за живеење во споредба со 139 други градови во светот.

Одличната реакција на овој град на пандемијата на коронавирусот придонесе за ваквата одлука.

Од 2018 до 2020 година, Виена ја носеше титулата најдобар град за живеење. Годинава не е ниту меѓу првите десет градови, позициониран е на 12-то место. На редоследот значително влијаеше реакцијата на градовите на пандемијата, што Economist ја зеде предвид.

За споредба на квалитетот на животот, британското списание Economist зема во предвид 140 градови низ светот секоја година. Во рангирањето се зема предвид здравствениот систем, образованието, културата, инфраструктурата, социјалното осигурување, политичката стабилност, но и стапката на криминал.

Меѓу десетте најдобро рангирани градови се наоѓаат Осака, Аделаида, Велингтон, Токио, Перт, Цирих, Женева, Мелбурн и Бризбејн.